Мадрид во Декември
Ве водиме во Мадрид -шпанска престолнина, град кој никогаш не спие и кој сигурно нема да Ве остави рамнодушни! Мадрид нуди културна авантура, позната гастрономска и ноќна сцена и врвен шопинг. Препуштете се на страсното фламенко, вкусете врвна гастрономија и најфини уметнички дела за вашата душа.
Терми:12.12-15.12.25
Цена: 649 еур
План и програма
Средба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. По пристигнувањето на аеродромот во Мадрид, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. По кратка пауза, со јавен превоз пристигнуваме во срцето на шпанската престолнина-Гран Вие и пешачиме до двата главни градски плоштади Пуерта дел Сол и Плаза Мајор. Живописните, шарени плоштади се опкружени со улици полни со ресторани, тапас барови, шармантни тераси каде што можете да јадете некои од типичните шпански специјалитети ,а со оглед на тоа што Мадрид е градот со најмногу ресторани и барови по глава на жител, сигурни сме дека ќе најдете нешто за себе. Секако Ви предлагаме да го посетите Меркадѕ де Сан Мигел, кадешто тапасите и свежата храна се миризливи за вкусот на минувачите. Ќе имате време да се сретнете со водич и да се вратите со заедничката група до хотелот.
Ноќевање.
Појадок.
После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на шпанската престолнина, каде прво ќе го посетиме постариот дел од градот и неговите познати плоштади, а потоа и поновиот дел од градот. Плаза де Еспања, Пуерта дел Сол,Плаза де Кастиља, и ќе направиме пауза на главниот градски плоштад Плаза Мајор и ќе имаме можност да го видиме најстариот градски ресторан Собрино де Ботин, продолжуваме со катедралата Санта Марија де Реал де Алмудена, Латинскиот кварт, споменикот на Филип IV,Кралската палата Паласио Реал, Гран Виа, Ајунтаменто де Мадрид-зградата на градскиот совет, Пуерта де Алкала,триумфалната капија која се смета за една од најстарите постримски триумфални капии во Европа,постара од онаа во Париз или Берлин-Плаза де ла Индепенденсија. По ручекот, предлагаме посета на еден од фантастичните музеи со кои може да се пофали Мадрид Прадо,кој е еден од најбогатите музеи во светот,со најдобрата светска колекција на дела од познати шпански уметници : Веласкез,Ел Греко,Гоја,Рибера,Муриљо,или “Центро дел арте Реина Софија”-со постојана изложба на дела од сликарите Миро,Дали каде што се наоѓа познатата “Герника” на Пикасо.Предлагаме прошетка низ Ретиро,познатиот кралски парк во центарот на градот,популарно место за одмор за жителите на градот,кој вклучува езерце,градина со рози,неколку музеи,стаклениот павилјон Паласио де Кристал,изграден по лондонскиот Кристален дворец,познати шеталишта со разни скулптури…. Вечерта,предлагаме вечера со фламенко(со доплата).
Ноќевање.
Појадок.
(време траење на патување 6 часа)
За денес предлагаме полудневен факултативен излет до прекрасниот Толедо(приближно 70км.),средновековен град-музеј под заштита на УНЕСКО со фасцинантна архитектура,познат и како град на три култури-христијанска,еврејска и исламска.Големиот сликар Ел Греко живеел таму во 16-тиот век.По пристигнувањето во Толедо,прво се посетува видиковецот Мирадор дел Вале или Мирадор дел Толедо,од каде што има фантастичен поглед на самиот град.Потоа следи прошетка низ историскиот дел од градот во придружба на локален водич(надворешен поглед)катедрала,манастир Сан Хуан де лос рејес,Алказар,црква Св.Тома,музеј на Ел греко-синагога Санта Марија Ла Бланка,Мескита, главниот градски плоштад Плаза Зокодовер,Арко де Санфре,споменик на Сервантес.Овој град е исто така лавиринт од тесни улички,шармантни барови и продавници за сувенири,па затоа има и кратко слободно време за откривање на гастономската и туристичката понуда на градот.Во договореното време,средба со водичот на турата.Враќање во Мадрид.Слободна вечер за истражување на ноќниот живот во Мадрид.Ниќевање.
Одјавување од хотелот.Препорачуваме посета на Кралската палата од 18-тиот век,една од најдобро зачуваните во Европа,симбол на Мадрид,каде што се одржуваат најважните кралски церемонии,додека за сите љубители на фудбалот е задолжителна посета на стадионот Сантјаго Бернабеу.Дефинитивно препорачуваме уште една сангрија со тапас на сончевата тераса пред заминување.Во договореното време,трансфер до аеродромот Барахас.
Што е вклучено во цената
Авионски билет Скопје-Мадрид -Скопје
Трансфер од аеродром до хотел и назад
Посета и разглед со локален водич
Сите влезници во градот
Лиценциран придружник
Организација на патувањето и депозит за обезбедување
Што не е вклучено во цената
Доплата за еднокреветна соба 290 евра
Билети за културно-историските споменици и музеи
Билети за јавен превоз,доплати за екскурзиите и оброците кои не се според програмата
Лични трошоци, пијалоци и бакшиш и се друго што не е наведено во цената
Осигурување за откажување на патување (препорачано)
Промена на име на патник на веќе издадени групни билети за авио летови се наплаќа според условите на авиокомпанијата-150евра
Важно
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.
Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Доплата за еднокреветна соба 290 евра
Нема трокреветни соби за возрасни
Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на и СКТМ