МАДРИД
ДАТУМ НА ПАТУВАЊЕ 20-25.11.2025 (5ноќи)
МАДРИД, главниот град на Кралството Шпанија, сигурно заслужува внимание од секој сериозен турист. Сместен во срцето на Иберискиот Полуостров, богат со содржини, музеи, импресивна архитектура, плоштади и облакодери... знаменитости како што се Плаза де Еспања, Гран Виа, Пуерта дел Сол (Сончева Порта), Плаза Мајор (Главен плоштад), Пуерта де Толедо (Триумфална Капија), Парк Ретиро, Плаза де Сибелес, Саламанка, стадионот Сантијаго Бернабеу и многу повеќе што го прави главниот град на Шпанија уникатен. Со атрактивни факултативни екскурзии како што се средновековниот главен град на Шпанија, Толедо и Сеговија, ќе го заокружите прекрасното патување.
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 699€ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА
Напомени
Детали од лет
Skopje – Madrid 16:45 - 20:40 (W6 4815)
Madrid – Skopje 20:45 - 00:15 (W6 4816)
Ден 1. СКОПЈЕ - МАДРИД
Состанок на групата на Скопски Аеродром два часа пред летот. Групно пријавување и оставање багаж. Поаѓање за Мадрид во 16:45 часот (лет W6 4815, Wizz Air). Пристигнување во Мадрид во 20:40 часот. По слетувањето, трансфер до хотел. Ноќевање.
Ден 2. МАДРИД – ФАКУЛТАТИВНА ТУРА/ ПЕШАЧКА (4 часа пешачка тура со пауза за мин 12 пријавени лица) – 30 ЕУР
Појадок. Ден предвиден за факултативна пешачка тура низ градот со водич на Македонски јазик. Пешачка прошетка низ центарот на Мадрид, (трансфер со локален превоз) со водич на македонски јазик, панорамски ќе ги видиме:
- Puerta del Sol Почни од срцето на Мадрид – Ова е името на еден од најпознатите централни плоштади во Мадирд, које е срце на градот и слуши како километарска нулта точка за сите радиални патишта во Шпанија.
- Plaza Mayor - главниот плоштад на Мадрид во срцето на Мадрид, некогаш тој представувал центар на стариот Мадрид.
- Mercado de San Miguel - Познат локален историски пазар, познат по својата гастономска понуда на Шпански специјалитети, вино и останати специјалитети. Внатре можете да пробате локални тапаси, хамон, морска храна и вина. Одлична станица за мала дегустација.
- Sobrino de Botín - Најстариот ресторан во светот (основан 1725). Се наоѓа веднаш до Mercado de San Miguel. Служи традиционална храна, а специјалитети се печено прасе и печено јагнешко.
- Royal Palace of Madrid (Palacio Real) е официјалната резиденција на шпанското кралско семејство во градот Мадрид, иако сега се користи само за државни церемонии со импресивни градини и архитектура.
- Catedral de la Almudena Катедралата Света Марија Кралска од Алмудена, попозната како Катедрала Алмудена, е католичка катедрала во Мадрид, Шпанија. Таа е седиште на Мадридската надбискупија. Нејзината изградба започнала во 1883 година и завршила повеќе од еден век подоцна, кога била осветена од папата Јован Павле II во 1993 година
Во вечерните часови индивидуално можност за уживање со заводливиот ритам на шпанската музика со уникатните звуци на гитарата и спектаклот на оригиналниот танц Фламенко (ДОПОЛНИТЕЛНО на барање факултативно со доплата). Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3. МАДРИД – ТОЛЕДО ГРАДСКА ТУРА/ ФАКУЛТАТИВНА ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА со вклучен автобуски превоз и водич на македонски јазик со панорамска прошетка = 120 еур по лице/ за минимум 12 лица
Појадок. Слободни денови за индивидуално разгледување и шопинг. Можност за организирање факултативна екскурзија до Толедо. Толедо - Екскурзијата вклучува посета на средновековната престолнина на Шпанија, позната по тоа што таму живеел и работел познатиот сликар, скулптор, архитект и писател Ел Греко. Толедо е оддалечен околу 70 км од Мадрид. Низ историјата, тој бил обликуван од бројни народи (Римјани, Визиготи, Маври..) и сите тие оставиле свој белег врз развојот на градот. Толедо останал главен град на Шпанија до 1561 година, кога Мадрид ја презел таа улога. Во пешачката факултативна тура во вклучен водич на Македонски јазик панорамски ги гледаат
- Museo del Greco - мал музеј на личните работи на семејството и слики од Ел Греко се наоѓа во Еврејската четврт.
- Iglesia de Santo Tomé - е црква која се наоѓа во историскиот центар на градот Толедо (Шпанија) и е основана по повторното освојување на овој град.
- Sinagoga del Tránsito (шпански: Sinagoga del Tránsito), позната и како Синагога на Самуел ха-Леви или Халеви е поранешна еврејска конгрегација и синагога, сместена на Кале Самуел Леви, во историскиот стар град Толедо, во покраината Кастиља-Ла Манча, Шпанија.
- Sinagoga de Santa María La Blanca (Sinagoga Ben Shoshan) Синагогата се наоѓа во поранешната еврејска населба на градот помеѓу манастирот Сан Хуан де лос Рејес и синагогата Ел Трансито. Таа е една од трите зачувани синагоги изградени од Евреи во мудехарски или мавритански стил под власта на христијанското кралство Во 1930 година, зградата е додадена на списокот на споменици на шпанското културно наследство.
- Plaza del Ayuntamiento de Toledo - плоштад; тоа е фасцинантно искуство кое ја отелотворува суштината на овој историски град.
- Plaza Zocodover - плоштад во градот Толедо, во автономната заедница Кастиља-Ла Манча, Шпанија. Тој бил централен центар на градот во поголемиот дел од неговата историја, дејствувајќи како негов главен плоштад. Дел од него бил дизајниран од Хуан де Херера за време на владеењето на Филип II.
- Monasterio de Santo Domingo El Real (Comunidad Dominica Santo Domingo El Real) - е фасцинантно место кое беспрекорно ги спојува историјата, духовноста и архитектонската убавина. Сместен во историскиот град Толедо, овој манастир зазема значајно место во богатиот таписериски материјал од минатото на регионот.
- Catedral de Toledo (доплата за влез на лице место - 16€) Римокатоличка катедрала во Толедо, Шпанија. Таа е седиште на Митрополитската надбискупија на Толедо. Од 1088 година, ја носи почесната титула Приматијален.
Заминување за Мадрид во договореното време. Слободно време. Ноќевање.
Ден 4. МАДРИД – СЛОБОДНО ВРЕМЕ ЗА ИНДИВИДУАЛНИ АКТИВНОСТИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност за индивидуална прошетка низ паркот Ретиро посета на музеи и Кралската палата (влез со влезници кои се купуваат на лице место)
- Кралската палата (ROYAL PALACE, влезница: 25еур) од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми.
- Посетете го музејот THYSSEN BORNEMISZA (влезница: 25еур) со преку 800 слики и скулптури, меѓу кои се делата на познатите Караваџо и Рубенс…
- Прошетајте го познатиот парк Ретиро, еден од најубавите и најголемите градски паркови во Европа. Поранешниот кралски имот кој им служел на кралевите како отмено место за одмор, денес е омилена зелена оаза во центарот на градот, со езеро и градини, каде може да пешачи по живописниот Paseo de la Argentina до Casita del Pescador, Кристалната палата, градината со рози Ла Росаледа.
- Во близина е еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо (влезница: 18еур), кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило.
- Можност за посета на музејот REINA SOFIA(влезница: 12еур), познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.
Ноќевање.
Ден 5. МАДРИД - СЕГОВИЈА ГРАДСКА ТУРА/ ФАКУЛТАТИВНА ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА со вклучен автобуски превоз и водич на македонски јазик со панорамска прошетка (со вклучена влезница за замокот Алказар) = 120 еур по лице/ за минимум 12 лица
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна екскурзија до Сеговија. Сеговија се наоѓа во регионот Кастиља и Леон, на околу 180 км од Мадрид. Главни обележја на градот се најдобро зачуваниот римски аквадукт, катедралата и замокот, поради што Сеговија е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Карактеристичната панорама на овој град, чии згради се изградени од теракота и варовник, се наоѓа на ридовите на Кастиља околу Сиера де Гвадарама. Обиколка на стариот дел од градот: Плаза Мајор, панорама на катедралата, плоштадот Свети Мартин, благороднички кварт со палати и цркви. Обиколка и вклучен влез в на замокот Алказар и пауза за индивидуална обиколка и прошетка. Во пешачката факултативна тура во вклучен водич на Македонски јазик панорамски ги гледаат
- Catedral de Segovia
- Aqueduct of Segovia
- Alcázar de Segovia - vlez vklucen vo cena
- Casa De Los Picos - Куќа која најкарактеристична црта и е фасадата, која е целосно покриена со гранитни блокови врежани во пирамидални релјефи.
- Judería de Segovia- е основана во средниот век, кога сефардските Евреи се населиле во овој дел од Шпанија. Еврејската заедница цветала тука до 1492 година, кога на сите Евреи им било наредено да се преобратат во христијанство или да ја напуштат Шпанија поради Декретот за Алхамбра издаден од кралот Фердинанд и кралицата Изабела.
- Plaza de Medina del Campo- е совршено лоциран во историскиот центар на Сеговија, овој плоштад е опкружен не само со добри ресторани, туку и со продавниц.
- Palacio de Cascales (Palacio del Conde Alpuente) - е извонреден историски споменик сместен во волшебниот град Сеговија, Шпанија. Оваа извонредна палата е доказ за богатото архитектонско наследство на регионот и претставува симбол на благородното минато на градот.
- Mirador de la Canaleja - Многу привлечно место за уживање во погледот на градот. Се наоѓа по главната патека од Аквадуктите до Плаза Мајор и Катедралата.
Заминување за Мадрид во договореното време. Слободно време. Ноќевање.
Ден 6. МАДРИД - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување. Слободно време до заминување за трансфер. Трансфер до Аеродромот во Мадрид. Лет за Скопје во 20:45 часот (лет W6 4816, Wizz Air). Пристигнување во Скопје во 00:15 часот во раните утрински часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релацијата Скопје-Мадрид со WIZZAIR со вклучени аеродромски такси и вклучен багаж ранец (со димензии 40х30х20см до 8 кг)
- Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот во Мадрид
- Сместување во Хотел Espahotel Plaza Basílica 3* или сличен во Мадрид на база 5 ноќевања со појадок
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса
- Карти за локален превоз (метро)
- Патничко-здравствено осигурување
- Факултативни посети и влезници во локалитетити
*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 12 ЛИЦА
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
- Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
- Сите оброци во хотелите се на база шведска маса
- Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
Важат општите услови на патување на АТАМ и Т.А