ПАРИЗ ЗА НОВА ГОДИНА 2026 
Париз – “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на cветот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен...
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевањa
30 декември (вторник) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз во 06:00 ч. Број на лет W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот “Бове” во 09:05 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани активности и прошетки. Ноќевање.
31 декември (среда) ПАРИЗ – ЛУВР
Појадок. Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Луксембуршките градини, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз... прошетката може да продолжи низ квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Вечерта, прошетка до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд, каде традиционално се дочекува Новата Година. Евентуална можност за идивидуална прослава на Новогодишната ноќ, во некое од париските кабареа (само со претходно направена резервација). Ноќевање.
01 јануари (четврток) ПАРИЗ – ДИЗНИЛЕНД
Појадок. Можност за индивидуална посета (првоз со градска железница) до најголемиот забавен парк за возрасни и деца во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Европскиот Дизниленд е посветен на децата и оние кои што знаат да се радуваат како деца, со надеж дека ќе биде извор на среќа и инспирација за целиот свет. Вoлт Дизни студиото е посветено на безвременската фасцинација и приврзаност кон киното и телевизијата. Дизниленд во Париз се состои од два парка, Дизниленд Парк и Валт Дизни Студио Парк, како и шопинг област. Во шопинг зоната има продавници, ресторани, бутици...Враќање во Париз. Ноќевање.
02 јануари (петок) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ | Ајфелова Кула | Крстарење по Сена
Појадок. Полудневен факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... Факултативна посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
03 јануари (петок) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Напуштање на собите во хотелот, спакуван појадок. Трансфер до аеродромот “Бове” во 05:30ч. Рано наутро. Лет за Скопје во 09:40ч. Број на лет W6 4720. Пристигнување во Скопје во 12:25ч.
Во претпродажба за ограничен број на места: 609€ (37.758мкд) со вклучен разглед
Цена на аранжманот: 659€ (40.858мкд) со вклучен разглед
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје – Париз – Скопје (со WizzAir)
- Аеродромски такси
- Рачна торба до 8кг (30*20*40cm)
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел Ibis Styles Paris Mairie de Montreuil 3* на база 4 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Париз
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса за сместување 5,53 € по лице од ноќ
- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба – 216€
- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€-29€)
- Kрстарење по Сена, билет (од 20€)
- Посета на Лувр, со јавен превоз, резервација и влезница: (25€) *уплата при продажба
- Посета на Версај, со јавен превоз, резервација, водич и влезница: (60€) *уплата при продажба
- Превоз со метро
- Посета на забавниот парк Дизниленд
- Патничко здравствено осигурување
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А