ХОТЕЛ / АПАРТМАН

Понуда

ВИЛА ФАНИ

Куќа „Фани“ – Неа Фокеа

 

Опис на објект

Куќа „Фани“ е лоцирана под локалната улица, во мирен дел на почетокот на Фокеа, има прекрасно мало дворче а е оддалечена околу 80 метри од море и плажа до кои може да се симнете по 15-20 скали. Покрај кејот под неа има шеталиште од околу 1км до светилникот. Трикреветните студија и еден аапртман се наоѓаат на високо приземје приземјето, а останатите апартмани на прв кат, сите имаат комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени морето. До куќата има паркинг. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

 

Цени и услови

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
25.5 – 1.6 7 99 55
1.6 – 8.6 7 129 55
8.6 – 15.6 7 149 55
15.6 – 22.6 7 189 55
22.6 – 29.6 7 219 55

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

 

Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања

Термин Ноќевања Трикреветно студио Четирикреветен апартман
29.6 – 6.7 7 455 525
6.7 – 13.7 7 490 560
13.7 – 20.7 7 525 595
20.7 – 27.7 7 560 630
27.7 – 3.8 7 560 630
3.8 – 10.8 7 560 630
10.8 – 17.8 7 560 630
17.8 – 24.8 7 560 630
24.8 – 31.8 7 525 595

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
31.8 – 7.9 7 219 55
7.9 – 14.9 7 199 55
14.9 – 21.9 7 149 55
21.9 – 28.9 7 109 55

– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –

Координати: 40.136475, 23.396766

 

  1. Бр. 1 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Брачен - француски кревет во иста просторија со кујната и брачен - француски кревет во спална соба
  2. Бр. 2 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Поглед кон двор. Брачен - француски кревет и еден единечен во спална соба и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.
  3. Бр. 3 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед кон море. Брачен - француски кревет во спална и кревет (софа на пуштање) за две лица во иста просторија со кујната.
  4. Бр. 4 (четирикреветен апартман) на 1 кат. Поглед (лимитиран од страна) кон море. Брачен - француски кревет во спална и кревет (софа на пуштање) за две лица во иста просторија со кујната.
  5. Бр. 6 (трикреветно студио) на високо приземје. Поглед (лимитиран) кон море. Брачен – француски кревет и еден единечен кревет во иста просторија со кујната.
  6. Бр. 7 (трикреветно студио) на високо приземје. Поглед (лимитиран) кон море. Три единечни кревети во иста просторија со кујната.
  7. Бр. 8 (четирикреветен апартман) на високо приземје. Поглед кон двор. Два единечни кревета во иста просторија со кујната и брачен - француски кревет во спална соба.

 

Напомени и услови:

 

  1. Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  2. Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  3. Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  4. За возрасни 3,100 денари (50 евра)
  5. За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  6. Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  7. Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  8. За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  9. При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  10. Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  11. Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  12. Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер
  13. За информациите добиени од вработените на т.а, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
  14. Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  15. Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  16. За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  17. Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  18. Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  19. Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место
  20. т.а. „Игуана“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  21. Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  22. Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција.

Достапни Хотели


Контакт информации :