Во утринските часови групата се упатува во посета на фабриката „Мавроматис“, фабрика за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
После посетата на фабриката се упатуваме кон Заливот Палеокастрица, кој е туристичко место на северозападниот брег на островот Крф кое се наоѓа на 19 км. од градот, познат и по тоа што тука е снимен еден од филмовите за Џејмс Бонд, 007 - For Your Eyes Only (1981). Познат по својата природна убавина и восхитувачките пејзажи кои ќе ви го одземат здивот, од висината на стрмните карпи, маслиновите насади, боровите шуми, карпите во морето, па се до песочните плажи со златен песок, богат е со хотели, ресторани, таверни и барови каде што можете да ја почувствувате прекрасната медитеранска клима. Исто така се посетува и манастирот кој е сместен на зелен рид над плажата на Палеокастрица, посветен на Панагија (Девица Марија) од Палеокастрица кој доминира во целиот регион, изграден на врвот на далечниот рид и овозможува прекрасен поглед на островот и морето. Манастирот има восхитувачка цветна градина, а додека сте таму можете да ги погледнете изложените стари досиеја на манастирот, огромната школка, скелетот на “морското чудовиште” и да си замислите желба фрлајќи паричка во бунарот на желбите.
За време на посетата на Палеокастрица групата ќе има слободно време за посета на аквариумот или да ужива во прекрасното море и плажа. Во доцните попладневни часови враќање назад во вилата и слободна вечер за дружење во некои од локалните кафулиња.
Одјавување од собите околу 09:00ч. Слободно време за кратка прошетка и околу 13:00ч. собир на групата пред вилата, од каде започнува патувањето кон градот Крф и потоа со траект околу 2 часа до Игуменица. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Вклучено / Не е вклучено
- Автобуски превоз Скопје - Ипсос (Крф) – Скопје
- 3 ноќевања во двокреветни студија и четворокреветни апартмани на база на наем
- Разглед и прошетка во градот Крф (првиот ден)
- Пратител за време на патувањето и престојот
- Трошоци за организација и реализација на патувањето
Не е вклучено
- Траект Игуменица - Крф – Игуменица (30 € по лице)
- Факултативни излети
- Туристичка такса (2 € по лице од ден)
- Патничко осигурување (задолжително)
- Индивидуални трошоци на патниците