На ден Велика сабота во утринските часови се упатуваме кон главниот град Крф каде ќе можеме да ги видиме традиционалните обичаи кои се случуваат на островот за овој празник. Прво се одвива побожното собирање на Епитафот од црквата Свети Спиридон. Во 1574 година, Венецијанските власти, од безбедносни причини, ги забраниле сите Епитафи на Велики петок. Поради тоа жителите на Крф го собрале Епитафот на црквата Свети Спиридон заедно со ковчегот на светецот за време на Светата саботна литанија, која била веќе воспоставена традиција и не можела лесно да се забрани. Оваа литанија е најстарата и најимпресивната од сите литании на Патронот заштитник на Крф. По завршувањето на литанијата, ковчегот на Свети Спиридон останува во црквата за тридневен аџилак.
Околу пладне започнува т.н. „Прво воскресение“. После утринската Миса ѕвонат ѕвончињата и од прозорците и балконите на куќите илјадници садови од глина полни со вода се фрлаат на улиците. Овој обичај е поврзан со Евангелието, но исто така е и венецијанско влијание. Жителите на Крф го присвоиле овој обичај, но го смениле датумот со Велигден, најголемиот грчки празник, а старите предмети ги замениле со глинени садови. По фрлањето на глинените садови, Филхармонијата маршира по улиците на историскиот центар на градот свирејќи весели мелодии. Откако ќе завршат обичаите кои се поврзани со фрлањето на глинените ќупови низ улиците и сокаците на градот, следува слободно време за прошетка, кафе во некои од кафулињата низ градот или пак ручек во многубројните таверни и ресторани.
Во попладневните часови се упатуваме назад кон апартманите во Ипсос каде ќе имаме слободно време за одмор или индивидуални прошетки. Во вечерните часови се враќаме повторно кон главниот град Крф за да го прославиме “Воскресението Христово” кое се одвива на „Pano Platia“ и каде низ целиот град, по плоштадите, улиците и тесните сокаци има разни веселби. Во 00:00 часот се дочекува големиот христијански празник Велигден, кој е проследен со волшебен огномет од Старата тврдина. После прославата со огномет се упатуваме назад кон Ипсос, каде продолжуваме со забава во Club.
На ден Велигден, во утринските часови се упатуваме кон фабриката „Мавроматис“, фабрика за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите.
После посетата на фабриката одиме во посета на заливот Палеокастрица кој е туристичко место на северозападниот брег на островот Крф кое се наоѓа на 19 км. од градот. Се посетува манастирот, сместен на зелен рид над плажата на Палеокастрица, посветен на Панагија (Девица Марија) од Палеокастрица кој доминира во целиот регион, изграден на врвот на далечниот рид и овозможува прекрасен поглед на островот и морето. Манастирот има восхитувачка цветна градина, а додека сте таму можете да ги погледнете изложените стари досиеја на манастирот, огромната школка, скелетот на “морското чудовиште” и да си замислите желба фрлајќи паричка во бунарот на желбите.
Во вечерните часови можност за заедничко дружење во некои од локалните кафулиња или клубови
Напуштање на собите до 09:00 часот. Откако ќе ги напуштиме собите се упатуваме кон Канони каде се наоѓа малата црква на Panagia Vlacherna, изградена во 17-ти век која е позната по импресивниот дрвен иконостас.
Од црквата тргнуваат мали бродчиња кон легендарниот Mouse Island, кој е на 5 мин. оддалеченост. Овој зелен остров името го добил по тоа колку е мал. Според митологијата, овој карпест остров е бродот на Улисес кој бил претворен во камен од богот Посејдон. Се искачуваме на врвот од ридот во Канони каде се наоѓаат две кафулиња со фасцинантен поглед кон црквата Panagia Vlacherna, морето и Mouse Island.
Во попладневните часови собир на групата и тргнување од островот кон Скопје. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
Во цената е вклучено
- Автобуски превоз Скопје - Ипсос (Крф) – Скопје
- Траект Игуменица – Крф - Игуменица
- 4 ноќевања во двокреветни студија и четворокреветни апартмани на база на наем во Corfu Blue Apartments
- Прошетка во Стариот град Крф (првиот ден)
- Комплетно следење на програмата за Велигден во градот Крф (петок и сабота)
- Пратител за време на патувањето и престојот
- Трошоци за организација и реализација на патувањето
Во цената не е вклучено:
- Факултативни излети
- Туристичка такса (2 € по лице од ден)
- Патничко осигурување (задолжително)
- Индивидуални трошоци на патниците